УЕФА ќе ја казни Англија

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), поради однесувањето на навивачите во финалето на Европското првенство. Финалниот меч се одигра на 11.јули, на стадионот Вембли во Лондон.

„По истрагата, која ја спроведе етичко-дисциплинскиот инспектор, а по повод инцидентите кои се случија на финалниот меч, во кои учествуваа англиските навивачи на и околу стадионот, против ФА е покрената постапка поради кршење на дисциплинските мерки“, се наведува во соопштението на УЕФА.

Навивачи успеаја да влезат на стадионот без влезни билети, се шпекулира со бројка од околу 5.000 луѓе. Англичаните физички ги напаѓале италијанските навивачи во текот на целиот ден, фрлал кон нив со камења и пиротехника и фрлале шишиња и други предмети на теренот.

Во финалето, на 11.јули, Италија по изведувањето на пенали ја победи Англија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.