Мондо Дуплантис недостижен во скокот со стап, за малку до светскиот рекорд
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 03 Август 2021
Шведскиот ас Арманд „Мондо“ Дуплантис уште еднаш покажа дека е најдобриот натпреварувач во скок со стап на денешницата, стигнувајќи лесно до олимпиското злато со прескокнати 6.02 метри, по што имаше три интересни обиди да го подобри својот светски рекорд (6.18) и беше блиску до 6.19 метри.
Наследникот на Сергеј Бубка, во основа немаше вистинска конкруренција – Американецот Кристофер Нилсен прескокна 5.97 метри, Бразилецот Тијаго Браз заврши на 5.87 метри, додека преостанатите скокачи, вклучувајќи го и поранешниот светски рекордер, Рену Лавилени не успеаја да ја прескокнат првата височина од 5.87.
Дуплантис веднаш отиде на 5.92 метри, по што од прва ги прескокна 5.97 и 6.02.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс