Завршницата на ЕУРО од Лондон се сели во Будимпешта?

Завршницата на ЕУРО 2020 би можела да ја смени локацијата, пишува „Тајмс“. Според планот, полу-финалните мечеви и големото финале треба да се одиграат на „Вембили“ во Лондон. Според „Тајмс, поради рестриктивните мерки кои се во сила, во Велика Британија, УЕФА размислува да ја смени локацијата за завршните натпревари.

УЕФА од Британците побарале за ВИП-гостите, кои треба да бидат присутни на завршницата, да не важи десетдневниот карантин. Според мерките во Обединетото Кралство, сите кои влегиваат во земјата, а се наоѓаат на црвената листа мора да бидат десет дена во изолација.

Доколку ситуацијата не се смени, УЕФА, како што пишува „Тајмс“, има намера завршницата да ја префрли во Будимпешта. Во Унгарската престолнина, во првото коло, Унгарија и Португалија играа пред 67.000 навивачи.

Целта на УЕФА е на своите вработени, ВИП-гостите и навивачите да им овозможи што е можно полесен начин на завршницата на ЕУРО.

Овој извор, наведува дека владата на Британија, во наредните денови, ќе го разгледа барањето на УЕФА, за да ги укине мерките за вработените на УЕФА, политичарите и спонзорите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.