Барса сака да го врати Олмо во Каталонија?

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо како млад ја напушти Каталонија и се пресели во Загреб, во Динамо за да се изгради како играч.

Успеа во мисијата, па по неколку сјајни сезони со „модрите“ се пресели во Лајпциг, на инсистирање на младиот стратег на „биковите“, Нагелсман.

Каталонски „Спорт“ пишува дека во Барселона не го заборавиле Олмо, го следат.

„Барселона секогаш ги следи своите поранешни играчи. Луѓето од клубот во повеќе наврати го следеа во живо. Дани ја напушти Барса за да се изгради како фудбалер и тоа му успеа во Хрватска и Германија. Придонесува со головите, но и со своето влијание на целокупната игра“ – пишува шпанскиот медиум.

Новинарот Жосеп Капдевиља во својот текст пишува и дека Олмо е една од клучните фигури во „Фуријата“ во моментов.

„Луис Енрике го повика во младата репрезентација, секогаш веруваше во него и сега стана стандарден член во А селекцијата. Тоа придонесе Барселона повторно да почне да го следи како потенцијално засилување“ – пишува Капдевиља кој смета дека со доаѓањето на Лапорта на чело на клубот, шансите за враќање на Олмо пораснаа.

„На Барса и треба играч како него, а згора на се сигурно тој нема да е прескап за клубот. Неговото враќање во Барселона ќе зависи од тоа колку фудбалери ќе го напуштат клубот на лето“ – вели тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.