Уникс изборија финале во Еврокупот и место во Евролигата

Кошаркарите на Уникс од Казањ изборија пласман во финалето на Еврокупот и место во Евролигата наредната сезона. Уникс за титулата во ова натпреварување ќе се борат со Монако.

Уникс, во Болоња, ја доби мајсторката против Виртус со 107:100 и со 2:1 ја доби серијата. Виртус, тим во кој играат МилиошТеодосиќ и Марко Белинели повторно не успеа да стигне до Евролигата.

Рускиот тим, го контролираше натпреварот, најчесто играчите на Виртус имаа двоцифрена предност. Виртус се вратија во последниот период, но не успеаја да направат пресврт.

Теодосиќ со 25 поени и девет асистенции, односно Белинели со 24 поени го предводеа Виртус. Кај Уникс се истакнаа Смит со 24, односно Вајт и Браун со по 20 поени.

Покрај Уникс и Монако наредната сезона ќе игра во Евролигата, бидејќи Валенсија не успеа да избори четврт-финале во најквалитетното европско натпреварување.

Финалната серија ќе започне на 27.април, трофејот ќе го освои тимот што ќе забележи две победи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.