Хамилтон: Оваа сезона ќе ми биде најтешка во кариерата

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, тврди дека новата сезона, која започна пред две недели, ќе биде полна со предизвици. Британецот смета дека актуелната сезона ќе биде најтешката во неговата кариера.

Луис Хамилтон, сезоната ја започна со победата на Големата награда на Бахреин. Возачот на Мерцедес, во драматична трка, успеа да победи пред возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Според прогнозите овие двајца ќе водат голема борба за титулата оваа сезона.

„На почетокот на сезоната не знаете каде точно се наоѓата, тоа ми се допаѓа. Мислам дека оваа 2021 ќе биде најтешка за мене, но и за тимот. Сето ова ќе биде голем поттик за сите нас“, рекол Хамилтон.

Тој дополнил дека Мерцедес има уште многу простор за напредок.

„Секоја трка е нов предизвик, не е лесно да се биде на врвот. Тоа што сум освоил толку шампионски титули не значи дека се имам под контрола“, дополнил освојувачот на седум титули во Формула .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.