943 дена е играч на Реал, утре ќе дебитира за првиот тим
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 19 Јануари 2021
Андриј Лунин играч на Реал е од јули 2018 година но се уште нема дебитирано за првиот тим. Брилијантните настапи на Светското првенство за играчи до 20 години, му го овозможија трансферот во „кралскиот клуб“. Реал, во 2018 година за голманот Лунин, на Зорија им платија 8,5 милиони евра.
Андриј Луни со Реал потпиша пет годишен договор, но не успеа да се избори за место во тимот, во конкуренцја на врвните голмани Кејлор Навас и Тибо Куртоа.
Реал го испрати Лунин на позајмица во Леганес, каде што бранел на седум натпревари, потоа бранел два натпревари за Ваљадолид, а вториот дел од минатата сезона ја мина во Овиедо.
Реал на почетокот на оваа сезона решија да го промовираат во втор голман.
Според најавите на шпанските медиуми, Лунин утре ќе дебитира за првиот тим на Реал, на натпреварот во Купот на Шпанија, против Алкојано.
Ниту еден играч на Реал не чекал толку долго за да дебитира за првиот тим. Лунин е играч на Реал точно 943 дена.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс