Интер нема пари за плати, ја одложил ратата за Хакими

Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека Интер се наоѓа во големи проблеми со ликвидноста и дека затоа е потребен влез на нови инвеститори, бидејќи се преговара со играчите за одложување на нивните плати, а исто така не е исплатена ниту ратата за трансферот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид од 10 милиони евра.

Според правилата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Интер до 16 февруари мора да ги исплати платите за јули и август, и може да биде казнет со поени доколку тоа не се случи. Директорот Бепе Марота ги убедувал играчите дека сите обврски ќе бидат исполнети и побарал за разбирање.

Овие вести доаѓаат по големиот број на шпекулации околу желбата на кинеските газди „Сунинг“ да го продадат клубот или барем да најдат нов малцински сопственик кој би внел капитал во тимот. Британската „БЦ партнерс“ беше најзаинтересирана за влез во италијанскиот гигант, но наместо како малцински сопственик, тие би сакале да станат нов сопственик на клубот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.