Сагосен за СП во Египет: Тука наликува на Дивиот запад

Норвешката ѕвезда на Кил, Сандер Сагосен е крајно разочаран од условите на Светското првенство во Египет, велејќи дека таканаречениот „меур“ во кој се наоѓаат ракометарите е вистинска шега и признава дека се надевал дека шампионатот ќе се одложи поради КОВИД-19.

„Не знам дали воопшто можеме да го наречеме ова ‘меур’. Досега работите беа како една голема шега. Во првите неколку часа во Гиза наликуваа на Дивиот запад. Можете да замислите дека планираа да донесат и навивачи на турнирот“, изјави Сагосен.

Тој додава дека во хотелот во кој се сместени Норвежаните, но и Германците и уште шест репрезентации, луѓето излегуваат без маски, а тимовите јадат заедно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.