ЛШ: Дербито е во Торино

Вечерва, со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х ќе биде комплетирано второто коло во Лигата на шампионите. Дербито ќе се одигра во Торино, каде Јувентус без Кристијано Роналдо ќе ја пречека Барселона. Интересен може да и натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и лидерот во Бундес лигата, Лајпциг.

Вечерашните пресметки ќе започнат во 18:55 со дуелите помеѓу Башакшехир и ПСЖ, односно Краснодар и Челси. Останатите шест натпревари на програмата се во 21 часот.

Јувентус и Барселона имаат проблем со формата, клубот од Торино два пати играше нерешено во Серија А, додека во ЛШ го победи Динамо во Киев, Барса исто така влезе со победа над Ференцваротш во новата сезона во ЛШ, но во Ла Лига врза два порази.

Фудбалските фанови нема да го видат дуелот на Роналдо и Меси, бидејќи Португалецот се уште е позитивен на коронавирусот.

Група Е:

Краснодар-Челси 18.55

Севилја-Рен 21.00

Табела: Краснодар 1, Рен 1, Севилја 1, Челси 1

Група Ф:

Клуб Бриж-Лацио 21.00

Борусија Дортмунд-Зенит 21.00

Табела: Лацио 3, Бриж 3, Зенит 0, Борусија 0

Група Г:

Ференцварош-Динамо Киев 21.00

Јувентус-Барселона 21.00

Табела: Барселона 3, Јувентус 3, Динамо 0, Ференцварош 0

Група Х:

Башакшехир-ПСЖ 18.55

Манчестер Јунајтед-Лајпциг 21.00

Табела: Лајпциг 3, Манчестер Јунајтед 3, ПСЖ 0, Башакшехир 0.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.