Потврда од Барселона – Суарез е играч на Атлетико

Луис Суарез официјално ќе стане играч на Атлетико Мадрид, потврди неговиот доегашен клуб Барселона. Официјалното збогување со клубот е закажано за 12.30 часот, а ден подоцна тој ќе биде претставен во новиот клуб.

Луис Суарез (33) по шест години заминува од Барселона. Иако имаше договор до крајот на сезоната тој најде нов клуб бидејќи тренерот РОналд Куман му соопшти дека нема да му биде потребен во тимот.

Уругваецот на „Ноу камп“ пристигна во 2014 година од Ливерпул за сума од 82.000.000 евра. Веднаш се наметна како еден од најважните играчи во тимот, на 283 натпревари постигна 198 голови и забележал 109 асистенции.

Кариерата ја започнал во Насионал, а играл и во Гронинген и Ајакс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.