Тајсон: Ги посетувам луѓето со кои бев во затвор, тие ми се најстарите пријатели

Мајк Тајсон признава дека уште ги посетува своите стари пријатели во затвор, откако тој двапати во својот живот беше зад решетки, велејќи дека тие му се „најстарите пријатели“, иако меѓу нив има и убијци кои отслужуваат доживотна затворска казна.

 

53-годишниот Тајсон имаше бурно детство и беше уапсен 38 пати пред својата 13-та година.

 

„Откако заглавив во затвор, почнав со боксот и велев дека нема да го правам тоа повеќе. Но, одев да ги видам моите стари пријатели со кои ограбував. Отидовме во две различни насоки. Тие станаа убијци, јас станав боксер. Среќен сум што не сум во затвор, но одам и ги посетувам. Има луѓе кои имаат четири или пет доживотни казни, или казни од по 90 години. Тие ми се најстарите пријатели“, вели Тајсон.

 

Две години по неговиот шокантен пораз од Џејмс „Бастер“ Даглас, Тајсон во 1991 година беше осуден на шест години затвор за силување на поранешната мисица Дезири Вошингтон. Тој отслужи три години од таа казна пред да се врати на боксот, но во 1999 година повторно беше во затвор по напад по една сообраќајна несреќа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.