Газидис одговара на критиките: Милан не е само компанија

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис имаше видео-обраќање во кое ја потсети јавноста дека фудбалските клубови не се само компании, туку имаат и одговорна улога во општеството.

Газидис ја презема контролата на водењето на „росонерите“ по заминувањето на директорот Звонимир Бобан поради јавните критики кои ги направи кон него, и маргинализирањето на Паоло Малдини, кој во овој период се бори и со корона вирусот.

„Најголемиот приоритет на нашиот клуб е едноставен – здравјето и безбедноста на нашите фудбалери, вработени, фанови и целата заедница. Имаме обврска да мислиме на иднината на нашиот голем клуб, да осигураме да се надмине оваа криза на силен начин и ќе го направиме тоа со силн итемели.  Фудбалот е извор на радост и ние ќе ја одиграме нашата улога кога ќе го надминеме овој период. Клубовите не се само компании, имаат своја улога во заедницата и претставуваат вредности без кои фудбалот би бил ништо. Сакаме да чувствувате дека Милан е покрај вас, да ве направиме горди“, вели Газидис во обраќањето на италијански јазик.

Ломбардија е центарот на епидемијата во Италија, а изјавата доаѓа по контроверзите во Англија каде што неколку богати премиерлигаши решија да ги постават своите вработени на минимална плата која ќе ја обезбедува владата. Газдите на Милан, семејството Сингер, донираше 100.000 долари на болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, а клубот се обидува да помогне со добротворни акции организирани преку Златан Ибрахимовиќ.

Il messaggio di Ivan Gazidis ai rossoneri 🎥

Il Club non si ferma e fa della distanza una forza per essere più vicino a chi lotta contro il Covid-19 e a tutti i nostri tifosi ➡ https://t.co/3qXVw5ajaa#SempreMilan pic.twitter.com/cXDWsDghAk

— AC Milan (@acmilan) April 5, 2020





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.