МОК: Олимписките игри во Токио се одложени

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах се согласија да ги одложат Игрите во Токио 2020 година за една година заради пандемијата на коронавирусот. Параолимпијадата, исто така, нема да се одржи ова лето.

 

„Предожив да се одложи Олимпијадата во Токио за една година и претседателот на МОК, Томас Бах, го одобри 100%“, им рече јапонскиот премиер на новинарите. Одлуката ќе биде огромен удар за амбициите на јапонската престолнина, која доби пофалби за нејзината организација. Сите спортски објекти за Олимпијадата беа завршени, а интересот за настанот беше голем. Олимписките игри се одржуваат на секои четири години од 1948 година, но сега спаѓаат во плен на вирусот кој уби илјадници и ги блокираше светските спортови.

 

МОК во последниве денови беше под огромен притисок да ги одложи Игрите закажани за 24 јули-9 август. Откако последователно Канада и Австралија објавија дека нема да ги испратат своите тимови, а американскиот олимписки комитет и Светската атлетска федерација им се придружија во повикот за одложување, се знаеше судбината на Игрите во Токио. Главниот град на Јапонија потроши околу 12,6 милијарди долари за организирање на Олимпијадата, според последниот буџет. Експертите велат дека одложувањето на настанот ќе ја чини земјата 6 милијарди долари на краток рок. Покрај тоа, откажувањето ќе биде и голем удар за спонзорите и големите телевизиски компании кои се потпираат на настанот за солиден приход.

 

Ова не е прв пат Токио да биде лишен домаќин на Игрите во закажаните датуми. Јапонија требаше да биде првата азиска земја домаќин на Игрите во 1940 година, но се повлече под меѓународниот притисок поради својата војна со Кина.

 

Олимписките игри никогаш не биле одложени во својата 124-годишна модерна историја. Тоа се случило трипати пред тоа - во 1916, 1940 и 1944 година за време на двете светски војни. Конфликтите за време на Студената војна се одразија на Олимписките игри во 1980 година во Москва и во Лос Анџелес четири години подоцна.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.