„Пореално е да добијам на лото отколку да ги победам Надал и Ѓоковиќ“

Францускиот тенисер Гаел Монфилс не оптимист дека на Ролан Гарос може да забележи добар резултат. Еден од најатрактвните тенисери на денешницата во Мелбурн испадна во осмина-финалето од Доминик Тим, а потоа ги освои турнирите во Монпелје и Ротердам.

Монфилс се надева дека формата во која се наоѓа ќе може да ја пренесе и во вториот дел од сезоната, кога ќе се играат турнирите на земја.

„Кога велам дека сакам да го освојам Ролан Гарос тоа звучи тешко, бидејќи имам поголеми шанси да добијам седумка на лото. За да го освоите Ролан Гарос треба да го победите Надал кој нема пораз во Париз и кого јас никогаш не сум го победил на земјана подлога“, истакнал Монфис и продолжил.

„Треба да го победите Доминик Тим кого никогаш не сум го победил и кој е втор или трет во светот според играта на таа подлога. А тука е и Новак Ѓоковиќ од кого имам 16 порази и кого никогаш не сум успеал да го победам“.

Францускиот тенисер истакнал дека неговата цел е да дојде до петтата позиција на АТП листата. Според него тоа е реална опција. Инаку најдобриот пласман на Монфис на АТП листата е шестото место во 2016 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.