Реал Мадрид со мега-понуда за Рахим Стерлинг, Јуве го „бркаат“ Гвардиола
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 16 Февруари 2020
Реал Мадрид сметаат дека сигурно ќе се обидат да го убедат Стерлинг да го напушти „Етихад“, откако се соочува со две сезони без настапи во Лигата на шампионите, иако Сити го ценат својот напаѓач фантастични 180 милиони фунти.
25-годишниот Стерлинг има договор уште три сезони со Сити, и заработува околу 300.000 фунти неделно, а Сити ќе се обидат да го убедат да остане со понуда од 450.000 фунти неделно.
Стерлинг повеќе пати имаше изјавувано дека би сакал да игра надвор од Англија во својата кариера. Иронично, следниот европски меч на Сити е гостувањето кај Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите.„Сан“ исто така тврди дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели прави сè што е можно да го убеди Гвардиола да пристигне во Италија, иако Каталонецот има договор до 2021 година и повеќе пати изјавуваше дека е подготвен да го продолжи договорот.
Зошто Манчестер сити се исфрлени од ЛШ?Реал Мадрид и Јувентус ќе се обидат да ја искористат двегодишната европска суспензија на Манчестер сити за да ги засилат своите редови – Мадрид ќе тргне по напаѓачот Рахим Стерлинг, додека Јуве ќе продолжат со обидите да го убедат Пеп Гвардиола да стане нивни тренер ова лето, тврди британскиот „Сан“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс