Богдановиќ: Повеќе ми значи поддршката отколу нивниот смрдлив повик за Ол стар викендот
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 14 Февруари 2020
НБА лигата објави дека на местото на повредениот Демијан Лилард на Ол-стар викендот во Чикаго ќе настапи играчот на Финикс Санс, Девин Букер.
Бекот на Финикс ќе го заземе местото на лилард и на Ол стар натпреварот и на натпреварот во шутирање на тројки.
Повикот за вториот натпревар го отвори прашањето дали НБА згрешија што на натпреварот во шутирање тројки не го повикаа Бојан Богдановиќ од Јута Џез.
Хрватскиот репрезентативец во моментов е еден од најдобрите шутери за три поени во лигата. Иако погодува 42,5 отсто од ударите за три поени за Богдановиќ нема да биде во Чикаго бидејќи од претходно се избрани Давис Бертранс (Вашингтон), Данкан Робинсон (Мајами), Џо Херис (Бруклин), Бади Хилд (Сакраменто), Зек Лавин (Чикаго), Тре Јанг (Атланта) и Девонте Греем (Шарлот).
Од играчите што ќе шутираат тројки на Ол стар викендот само Робинсон има подобар процент на реализација од Богдановиќ.
Поради ова една страница на „Инстаграм“ јавно ја изложила статистиката на Богдановиќ негодувајќи што тој не е повикан на Ол стар викендот.
30 годишниот кошаркар имал интересен одговор.
„Повеќе вреди поддршката од сите вас отколку тоа што веќе две години не го добивам нивниот смрдлив повик“, напишал Богдановиќ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс