Јуве добива дополнителни 103.1 милиони евра од спонзорот „Алијанц“

Италијанскиот шампион Јувентус објави дека го продолжува договорот за партнерство со осигурителниот гигант „Алијанц“ до 2030 година, кој вклучува право на именување на стадионот на клубот и спонзорство на дресовите, вреден 103.1 милиони евра.

 

Новиот договор започнува со утрешното полуфинале од Копа Италија со Милан, меч на кој ќе има огромно лого на „Алијанц“ на нивната опрема за тренинг и загревање во следните 10 години. Сумата од 103.1 милиони евра ќе се додаде на претходниот договор.

 

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека го проширивме партнерството со ’Алијанц’, еден од најактивните глобални брендови во спортот. Договорот, кој вклучува повеќе права, ќе биде видливо секој ден на тренинзите на клубот, а нашиот стадион ќе биде ’Алијанц’ барем до 30 јуни 2030 година“, објави финансискиот директор на клубот, Џорџо Ричи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.