Џеј Зи откри што му кажал Коби еден месец пред да загине

Раперот Џеј Зи (50) беше гостин на универзитетот Колумбија и зборуваше за неговата врска со славниот кошаркар Коби Брајант, кој заедно со својата ќерка трагично го загуби животот во хеликоптерската несреќа на 26 јануари.

 

„Тој остана последен во мојата куќа по новогодишната прослава и беше во најдобриот период од неговиот живот“, рече Џеј Зи.

 

Раперот со тага се сеќава на некои од последните зборови што му ги кажал Коби.

 

https://www.instagram.com/p/B77rg9fnbBr/?utm_source=ig_embed

 

„Мора да ја видиш Џијана како игра кошарка“, раскажа музичарот за тоа колку се гордеел кошаркарот со својата 13-годишна ќерка, која тој ден беше со татко ѝ во хеликоптерот и исто така го загуби животот. Џеј Зи му рекол дека Џијана ќе биде една од најдобрите кошаркарки во светот.

 

„Тие зборови најмногу ме болат по неговата смрт. Тој беше толку горд и изразот на неговото лице беше бесценет“, истакна раперот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.