Кутињо е на продажба по дисконтна цена

Челниците на Барселона биле подготвни да го продадат Фелипе Кутињо во летниот преоден рок.

 

Според шпанските медиуми на „Ноу Камп“ биле подготвени да го продадат Бразилецот за многу помала сума од онаа за која го купија од Ливерпул.

 

Фелипе Кутињо сезонава игра како позајмен играч во Баерн Минхен. Баварците го донесоа со обврска да му ја исплатат годишната плата од 8,5 милиони евра. Исто така Баерн ќе можат на крајот од сезоната да го откупат неговиот договор за 120 милиони евра.

 

Како сега стојат работите Баерн нема да ја искористат таа опција бидејќи Кутињо е далеку од вистинската форма, а во последно време не добива премногу шанси за настап.

 

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона би прифатиле понуда од 80 до 90 милиони евра за Кутињо. Тоа е за речиси 60 милиони евра помала сума од она што Каталонците платија за неговите услуги.

 

Клубот сака да го продаде Бразилецот и поради клаузулата во договорот според која на Ливерпул ќе им припаднат и дополнителни 20 милиони евра доколку Кутињо одигра 100 или повеќе натпревари за клубот од „Ноу Камп“.

 

До заминувањето во Баерн Бразилецот настапил на 76 натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.