Бекам: Бев продаден во Барса, одбив да одам таму

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам за Би-би-си открил во 2003 година бил продаден во Барселона, меѓутоа тој одбил да се пресели на „Ноу камп“.

 

Бекам во тој период беше една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и како таков им бил интересен на неколку други клубови. На крајот тој заврши во Реал Мадрид.

 

„Слушнав гласини дека сакаат да ме продадат. Со Викторија бевме на одмор кога ми се јави еден пријател и ми кажа дека гледал на „Скај Спорт“ дека Манчестер Јунајтед се договориле со Барселона. Веднаш му кажав: „Не оди тоа така, јас не знам ништо за нивните намери“. Веднаш се вратив во Лондон. Се обидев да разговарам со Питер Кенјон и менаџерот Фергусон, но не одбија. Им кажав дека сакам објаснување, тогаш ми признаа дека се договориле со Барселона“, раскажал Бекам.

 

Тогаш тој одбил да оди во Барселона и го одбрал Реал Мадрид.

 

„Му се јавив на мојот менаџер и му кажав: „Кога веќе морам да си одам ќе одам во Реал. Се сретнавме со претседателот на Реал Флорентино Перез и постигнавме договор“.

 

Бекам четири сезони остана на „Сантијаго Бернабеу“. За Реал одиграл 155 натпревари на кои постигнал 20 голови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.