Зидан: Ослабена Барса поради Меси? Не се шегувајте

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не очекува Барселона да биде ослабена по случувањата надвор од теренот во кои во центар е Лионел Меси и неговите критики кон управата на клубот.

 

Меси во ретко експлозивна објава на Инстаграм го нападна фудбалскиот директор и поранешен соиграч Ерик Абидал, кој тврдеше дека дел од фудбалерите не работеле исправно пред заминувањето на Ернесто Валверде, а ситуацијата е толку сериозна што поранешниот фудбалер на Барса, Франциско Караско изјави дека ова значи заминување на Меси на крајот на сезоната.

 

Зидан не сакаше да влегува во дискусија околу проблемите на првите ривали и не верува дека тоа значи дека Барса ќе биде послаба.

 

„Никогаш не е така, не се работи за тоа. Нема да бидат слаби, тие се многу конкурентен тим. Ние не размислуваме за тоа ниту една минута. Тие ќе бидат главните ривали оваа сезона. Добрите фудбалери се секогаш добри“, вели Зидан.

 

Новиот трене на Барса, Кике Сетиен, пак, вели дека Меси е насмеан и подготвен за игра.

 

„Меси има искуство и капацитет да одлучува за тоа што ќе го прави. Нема да влегувам во приватниот живот ниту на Меси, ниту на моите други фудбалери. Другите работи не се интересни“, вели Сетиен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.