Барса го носи Тимо Вернер на „Ноу Камп“ како замена за Суарез?

Фудбалерот на германски Лајпциг, Тимо Вернер би можел да направи трансфер во Барселона како замена за повредениот напаѓач Луис Суарез, пишува шпански „Спорт“.

 

Информациите се дека Барса ќе се обиде на позицијата на Уругваецот, кој поради операцијата на коленото нема да му биде на располагање на тренерот Сетиен неколку месеци, да го донесе на „Камп Ноу“ моментно најдобриот стрелец во Бундеслигата.

 

Вернер сезонава одигра 26 меча за Лајпциг во сите натпреварувања и постигна 25 гола, а 23-годишниот напаѓач и 10-пати асистираше за погодок.

 

Лајпциг моментно е на врвот на табелата во првата германска лига, со 4 бода повеќе од второпласираниот Баерн Минхен.

 

За потсетување, Вернер веќе подолг период е на радарот на Ливерпул, па „Билд“ неодамна пишуваше дека менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп веќе го „капарисал“ германскиот репрезентативец.

 

Останува да се види кој ќе излезе како победник во битката за потписот на Вернер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.