Ентони меч-винер, пресврт на Сакраменто во режија на Бјелица (Видео)

Кармело Ентони и Немања Бјелица ги обележаа натпреварите одиграни изминатата ноќ во НБА-лигата. Ветеранот Ентони им донесе победа на Портланд, додека Бјелица го режираше пресвртот на Сакраменто против Финикс.

 

Кармело Ентони го одигра најдобриот меч откако стана играч на Порталнд Трејлблејзерс, забележа 28 поени и седум скока, во победата на Портланд во Торонто 101:99. Мело потсети на своите најдобри денови со поените за победа постигнати на три секунди до крајот на мечот.

 

Покрај Ентони кај Портланд се истакнаа Хасан Вајтсајд (14 поени, 16 скока) и Демијан Лилард (20 поени, девет скока).

CARMELO ANTHONY.

GAME WINNER! pic.twitter.com/STOu2UXagz

— Portland Trail Blazers (@trailblazers) January 8, 2020

 

Сакрамнето Кингс славеа во дуелот со Финикс Санс 114:103, ико во еден момент во третиот период имаа негатива од 20 поени. Пресвртот го режираше Немања Бјелица кој 14 од своите 19 поени постигна во последната четвртина. Целиот тим на Финикс во завршниот период постигна два поени повеќе од српскиот играч.

 

Најефикасен играч на Кингс на овој меч беше Диерон Фокс со 27 поени. На спротивната страна Девин Букер заврши со 34 поени.

 

Резултати:

Кливеленд-Детроит 113:115

Бруклин-Оклахома 103:111

Мемфис-Минесота 119:112

ЛА Лејкерс-Њујорк 117:87





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.