Мурињо: Судиите веќе не се судии, ВАР да си го смени името!

Начинот на користење на ВАР системот со месеци е на мета на критики во Премиерлигата, а на листата се придружи и новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо.

 

Португалецот беше бесен на комплетната судиска постава на вчерашниот меч кај Саутемптон што заврши со резултат 1-0 во корист на „светците“.

 

Мурињо укажа на моментот кога судијата реши да не се консултира со ВАР собара, кога се чинеше дека играчот на Тотенхем, Деле Али е фаулиран во противничкиот шеснаесетник.

 

„Судиите веќе не се судии. ВАР да си го смени името. Тоа не е видео асистент, тоа е всушност судија. Оние кои се на теренот се асистенти. Најважните одлуки ги носи ВАР. Требаше да се суди пенал, но ВАР не беше користен“ рече Мурињо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.