Роналдо не се тетовира за да може редовно да дарува крв

Некои го сакаат, други баш и не и тоа сè поради неговата голема самоувереност и понекогаш ароганција.

 

Се работи за Кристијано Роналдо, кој надвор од теренот ги разбива предрасудите. „Бизнис инсајдер“ пишува дека Португалецот во 2015 година е прогласен за најголем добротвор во светот на спортот.

 

Меѓу некои од неговите најистакнати добротворни акции спаѓа и аукцијата на која ја продаде репликата од „Златната топка“ во 2013 година за 600.000 евра. Парите од аукцијата отидоа на сметката на фондацијата Make-A-Wish во Лондон.

 

Португалскиот фудбалски ас финансира изградба на педијатриска болница во Чиле, а амбасадор е и на многубројни светски добротворни организации. Роналдо од исклучително хумани причини нема тетоважа на своето тело иако голем број спортисти во светот се прекриени со многубројни тетоважи.

 

Во интервју за италијанска Direttа, Роналдо истакна дека нема тетоважа за да може редовно да дарува крв. Крв може да даруваат и оние што се тетовирани, но најмалку 4 месеци по последната тетоважа, по правило на растојание помеѓу една и една и пол година.

 

Португалецот одлучи да почне со донирањето крв кога на неговиот колега од репрезентацијата, Карлос Мартинс, му беше дијагностицирана ретка болест на крвта. Освен тоа, асот во една пригода донирал и коскена срж.

 

„Го сторив тоа пред многу години и кога би морал, би го направил повторно. Тоа е сериозна болест за многу деца и треба да им помогнеме. Процесот е едноставен, а по него се чувствувате среќен“, изјави Роналдо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.