Велко Маркоски се врати дома, во Металург

Актуелниот македонски ракометен репрезентативец, специјалистот за одбрана, Велко Маркоски (33), е новото засилување на скопски Металург. Клубот од Автокоманда добива големо засилување во одбраната во пресрет на натпреварите од 3. коло во Купот на ЕХФ против словенечки Горење.

 

Маркоски неколку месеци беше без клуб по напуштањето на романската екипа Доброгеа Суд.

 

Стружанецот беше дел од екипата на Метаург, и тоа во периодот од 2010 до 2015 година кога Металург бележеше одлични резултати на домашната и на меѓународната сцена.

 

Ангажманот на Маркоски во Металург е добра вест и за селекторот на ракометната репрезентација Данило Брестовац ако се знае дека македонските ракометари ги очекува настап на Европското првенство во Австрија во јануари в година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.