Пиоли: Носам нови фудбалски идеи во Милан

Стефано Пиоли вели дека носи „различни идеи и фудбалски концепти“ во Милан, но признава дека има малку време за промени, иако тоа нема да ја смени неговата посветеност.

 

Пиоли, поранешниот тренер на Интер и Фиорентина, денеска го замени Марко Џампаоло по само 111 дена во клубот и седум меча, и признава дека нема да биде лесно.

 

„Пристигнува нов тренер, некој со различни идеи и фудбалски концепти. Мораме да го изградиме нашиот идентитет, но има мечеви за играње и малку време за работа. Затоа мораме да го искористиме секој момент на тренинзите, да се запознаеме и да станеме тим што е можно побргу. Имам јасна претстава што мораме да направиме и сега е време за чекор напред, бидејќи гледањето наназад никогаш не помага. Фудбалерите мораат веднаш да сфатат што очекувам од нив, во играта и во однесувањето. Морам да ги туркам напред, бидејќи мораме да бидеме подобри“, изјави Пиоли во интервју за „Милан ТВ“.

 

Тој исто така не го заборави поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина во март 2018 по срцева болест, но почна со фудбалскиот пат во академијата на Милан.

 

„Сигурен сум дека во овој момент, Давиде би бил среќен што сум во Милан. Имав среќа да го запознам добро. Секогаш е во моите мисли, бидејќи беше посебна личност“, вели Пиоли.

 

Пиоли го потпиша договорот со Милан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.