Златан Ибрахимовиќ доби статуа во Малме

Шведскиот голман Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родниот Малме.

 

Напаѓачот на Лос Анџелес галакси денес свечено ја откри бронзената статуа со својот лик, висока 2,7 метри и тешка 500 килограми. Таа е поставена пред новиот стадион на Малме, градот каде што ја започна својата кариера поранешниот ас на Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

 

„Многу сум среќен за местото каде што е поставена статуата. Тоа беше моја желба уште од почеток. Започнав во Малме и срцето ми е таму“, рече Ибрахимовиќ, пренесува Шведската фудбалска федерација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.