Бензема ќе потпишел нов договор

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, наскоро ќе го продолжел договорот со клубот до 2022 година.

 

Бензема кој пред една деценија од Лион пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ со новиот договор ќе добие 11 милиони евра по сезона.

 

Актуелниот договор на 31 годишниот напаѓач му истекува во 2021 година, но бидејќи игра во извонредна форма, Флорентино Перез решил да му го продолжи договорот за уште една сезона.

 

Бензема со Реал има освоено 17 трофеи, од кои два се во Ла Лига, а четири во Лигата на шампионите.

 

Искусниот напаѓач по осум кола се наоѓа ан првото место на листата на најдобри стрелци заедно со Џерар Морено (Вилјареал) и Лорен Морон (Бетис).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.