Баерн киксна со Хофенхајм, Борусија во 90. минута испушти триумф кај Фрајбург

Ерменскиот напаѓач, Саргис Адамјан е херојот на Хофенхајм во денешниот натпревар против Баерн Минхен на „Алијанц Арена“.

 

Адамјан двапати го матираше Мануел Нојер, во 54 и 79 минута за шокантна победа против домаќините со 2-1. Единствениот гол за Баварците беше дело на Левандовски во 73 минута, во тој момент за израмнување на резултатот.

 

Киксот на Баерн во Минхен не знаеше да го искористи Борусија Дортмунд која не ја оправда фаворитската улога кај Фрајбург, ремизираше 2-2. Со голот на Витсел „милионерите“ го добија првото полувреме. Фрајбург во 55 минута со голот на Валдшмит израмни, а 12 минути потоа Борусија повторно е во водство, стрелец Хакими.

 

Бодот за домаќините е благодарение на автоголот на Акањи во 90 минута.

 

Баер во Леверкузен одигра 1-1 со тимот на Лајпциг, додека Падерборн на домашен терен беше поразен од Мајнц со 1-2.

 

По некомплетното 7. коло во Бундеслигата, засега дури 4 тима се на врвот на табелата со по 14 бода – Баерн, Баер (Л), Лајпциг и Фрајург.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.