Легендата на Јуве, Клаудио Маркизио ја завршува кариерата

Екс-играчот од средниот ред на Јувентус и италијански репрезентативец, Клаудио Маркизио одлучи да ја заврши фудбалската кариера на 33 години, пренесува „Газета дело Спорт“.

 

Маркизио ја завршува кариерата поради повредата на коленото која го мачи подолго време и поради тоа го напушти тимот на Зенит во август годинава.

 

Маркизио, според информациите, утре на прес-конференција на стадионот на Јуве во Торино ќе објави дека престанува со активното играње фудбал.

 

Неодамна имаше понуди од Глазгов Ренџерс и од Монако, како и од бразилски, односно кинески клубови, но сепак реши дека да стави крај.

 

Италијанските медиуми пишуваат дека Маркизио ќе добие улога на функционер во Јувентус, каде помина 12 години, сметајќи ги и младите категории.

 

За италијанската фудбалска селекција настапи на 55 меча, постигна 5 гола, а со Азурите го освои сребрениот медал на ЕП во 2012 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.