Синот на Шевченко може да бира меѓу четири репрезентации

Синот на некогашниот украински фудбалер Андриј Шевченко, Кристијан, кој има 12 години, тренира фудбал во академијата на Челзи, а има привилегија да бира за која земја ќе настапува. 

 

Кристијан има право да игра за дури четири репрезентации. Тој е роден во Лондон, па може да игра за Англија, секако може да ја одбере Украина на татко му, а од страната на мајка му има потекло од САД и Полска, па ако реши, може да игра и за нивните национални тимови.

 

„Мојот втор син тренира во академијата на Челзи. Тоа е добра школа, од која излегоа многу врвни играчи. Не знам за кого ќе игра Кристијан, не е исклучена и Англија, ќе разговараме на таа тема кога ќе дојде време“ – вели некогашната ѕвезда на Милан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.