Билетите за Вардар – Порто по цена од 350 и 400 денари

Ракометниот клуб Вардар денеска ги пушти во продажба поединечните билети за следните два домашни натпревара, во ЕХФ Лигата на шампионите против Порто, и потоа во СЕХА Газпром лигата против Нексе.

 

Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ (секој работен ден од 10 до 18 часот) и онлајн преку тикет плус (http://www.ticketplus.mk).  

 

Вардарци в недела на 22 септември од 17 часот, го пречекуваат Порто, а доколку сакате да им помогнете да ја остварат втората победа сезонава, ќе треба да одвоите 350 денари за трибините и 400 денари за А блок.

 

Два дена подоцна, европскиот првак од 20:45 часот игра со Нексе. Цената на билетите е 50 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.