Ѓорѓиев: Додека постојат и теоретски шанси ќе се бориме за осминафинале

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев не се откажува од ласманот во осминафиналето на Европското првенство и покрај тоа по првите три кола, „црвено-жолтите“ имаат исто толку порази.

 

Македонските одбојкари  против Финска беа блиску до изненадување, со Турција далеку од издание коешто ветува, а против Русите секое очекување беше нереално.  Вечер од 20:30 часот ривал нивни ривал ќе биде Белорусија.

 

– Додека постои математика, јас размислувам за осминафинале. Таков е мојот карактер, сакам да победувам и верувам дека можеме да победиме. Во некои периоди на ова Европско првенство одигравме на ниво коешто е доволно за да славиме против Белорусија. Посакувам да ја повториме таа квалитетна игра и убеден сум дека ако го направиме тоа, можеме да победиме, позитивно е настроен капитенот Ѓорѓиев.

 

Покрај Белорусија, на Македонија ќе и остане уште средбата од последното коло против домаќинот Словенија. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.