Македонската тениска репрезентација денеска против Летонија во Дејвис купот

Со три натпревари против Летонија, два сингл и еден во двојки, тениската репрезентација на Северна Македонија, денеска го продолжува настапот на Дејвис купот што се одржува во Атина.

 

Во текот на вчерашниот, прв натпреварувачки ден, нашите тенисери загубија 3-0 од Естонија, носителот на групата и највисоко рангираната репрезентација во групата Б во која беше извлечена Северна Македонија, jави дописничката на МИА од Атина.

 

Тениската репрезентација, утре ќе ги измери силите со Црна гора.

 

Натпреварите од третата европска група во Дејвис купот се одржуваат од 11 до 14 септември во Атина, а учествуваат осум репрезентации поделени во две групи.

 

Во сабота, репрезентациите што ќе бидат први во двете групи ќе играат за првото место на турнирот, додека пак вторите ќе се борат за третото место. Сите четири, во март следната година ќе играат во плеј офот за влез во Втората лига.

 

Останатите четири репрезентации, односно оние кои ќе завршат на третата и четвртата позиција, исто така во сабота, ќе играат меѓу себе за опстанок во Третата лига. Двете поразени екипи ќе бидат префрлени во четвртата категорија на Дејвис купот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.