Интер подготвен да испрати понуда за купување на Милинковиќ-Савиќ

Интер е подготвен да испарти понуда до Лацио за купување на играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Клубот од Рим за 24-годишениот Србин бара 90 милиони евра, пренесува „Ла Репблика“.

 

Миланскиот клуб е подготвен да понуди помала сума на пари, во пакет со напаѓачот Матео Политано и играчот од средниот ред Роберто Галијардини.

 

Претходно, Манчестер јунајтед се сметаше за фаворит во борбата за Милинковиќ-Савиќ. Фудбалерот дури се согласи на условите за личен договор со Манчестер јунајтед, но Британците не се договорија со Лацио за намалување на трошоците за трансферот.

 

Минатата сезона српскиот фудбалер одигра 41 натпревар за Лацио и постигна седум гола и забележа три асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.