Барса ја одби понудата од Интер за Видал
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 23 Август 2019
Барселона одби понуда на Интер за Артуро Видал, според шпанското издание „Мундо Депортиво“.
Италијанскиот тим понудил да го изнајми Чилеанецот до крајот на сезоната со опција за откуп, но таквото сценарио не им одговара на Каталонците и тие не сакаат да се разделат со играчот од средниот ред .
За време на кампањата од минатата сезона, тој одигра 33 натпревари за екипата и успеа да им помогне на „кулес“ да ја одбранат титулата во Ла Лига.
Сепак, Ернесто Валверде е подготвен да го жртвува при добра понуда.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс