Интер одбива понуди за Икарди

На Икарди му е доволно јасно дека Интер повеќе не го сака во тимот, па затоа калчолигашот ова лето го стави на трансфер листата и очекува негова продажба.

 

Парите кои ќе ги заработат од Аргентинецот ќе помогнат во реализирањето на трансферот на Лукаку, кој е желба на ново ангажираниот на клупата на Интер Антонио Конте.

 

Според информациите кои доаѓаат од Италија голем број клубови се заинтересирани за екс капитенот на Интер. Како најголем фаворит е Јувентус, но од таа работа за сега нема ништо. Последен клуб кој наводно испратил конкретна понуда е Арсенал.

 

Интер ја одбил понудата за Мауро Икарди од Арсенал. Топџиите биле подготвени да го заменат Пјер-Емерик Аубамејанг за Аргентинецот, но Нероаѕурите сакаат паричен договор за да помогнат во нивниот потег за Ромелу Лукаку.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.