Готово е, Мегваер се поблизу до рекорден трансфер

Веќе подолг период Мегваер е на листата желби на многу европски клубови. Лестер за неговата продажба бара околу 80 милиони евра и не планира да го пушти Англичанецот за помалку.

 

Како најзаинтересирани се покажаа двата клуба од Манчестер, во трката наводно води Јунајтед кој е спремен да ја плати сумата која Лестер ја бара за својот најдобар играч.

 

Според некои информации двата клуба дошле до договор и во наредните денови се очекува официјална потврда за трансферот на Мегваер во редовите на Манчестер Јунајтед за 80 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.