Конте: Многу е важен потписот на Лукаку во Интер

Антонио Конте вели дека е важно Интер да го потпише Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед ова лето.

 

Според Скај Спортс тимот од Серија А понуди 63 милиони фунти за белгискиот напаѓач, при што исплатите се структурирани во текот на неколку сезони, но Јунајтед не сака да го продаде за таква цена бидејќи тие пред две години за Лукаку исплатија 79 милиони фунти.

 

Запрашан тој пред натпреварот дали е фрустриран од недостатокот на напредок во потпишувањето на Лукаку, Конте рече: "Фрустриран е голем збор. Лукаку е играч на Јунајтед и тоа е реалноста.

 

"Знаете многу добро дека ми се допаѓа овој играч, исто така во минатото кога бев тренер на Челзи се обидував да го донесам. Но, повторувам: денес Лукаку е играч на Јунајтед.

 

"Го сметаме за важен играч. Ние знаеме која е нашата ситуација, ќе видиме што ќе се случи".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.