ПСЖ главен кандидат во трката за Роуз

Париз Сен Жермен ја води трката на клубови кои сакаат да го потпишат Дени Роуз од Тотенхем.

 

Англискиот дефанзивец сака да се бори за место во првиот тим на Тотенхем следната сезона - но ќе размисли за напуштање на Северен Лондон ако се појави доволно атрактивна можност.

 

"Скај Спортс" пренесува дека Тотенхем ќе бара да се надоместат 20 милиони фунти за левиот бек што го купиле од Лидс за 1 милион фунти во 2007 година.

 

Роуз е изоставен од турнејата на Тотенхем во Сингапур и не е дел од плановите на Маурицио Покетино.

 

Тотенхем објасни дека Роуз "не патувал на турнејата за да ги разгледа потенцијалните можности со други клубови".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.