Тотенхем и Баерн заинтересирани за Алегри

 

 

Италијанскиот фудбалски тренер Масимилиано Алегри следната сезона може да го предводи Тотенхем или Баерн. Претходно стана познато дека тој ќе го напушти Јувентус во текот на летото.

 

Според “Дејли експрес”, Јувентус и Тотенхем можат да си ги разменат тренерите. Во таков случај Маурицио Покетино ќе замине за Торино, а Алегри ќе продолжи во Лондон.

 

Од друга страна, „Раи Спорт" јави дека Алегри сака да се пресели во Германија. Претходно беше објавено дека главниот тренер на “Баварија” Нико Ковач може да биде отпуштен, и покрај титулата во Бундеслигата.

 

За потсетување, Алегри го предводи Јувентус од 2014 година. Под негово водство, тимот пет пати стана шампион во Италија и играше две финалиња во Лигата на шампионите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.