Арнолд Шварценегер нападнат на спортски настан во Јужна Африка

Познатиот бодибилдер, актер и политичар Арнолд Шварценегер беше нападнат во Јужна Африка. 71-годишниот Американец пристигна во Сандтон за да суди на локален спортски настан.

 

Додека тој потпишува автограми, непознат човек се стрча зад него и во скок со нозете го удри грбот. Причините за ова однесување се непознати.

 

Шварценегер стана познат по своите улоги во култните филмови како „Терминатор"; „Командос"; „Се сеќавам на сите" и неколку други. Од 2003 до 2011 година, тој беше гувернер на Калифорнија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.