Роналдо МВП на сезоната 2018/19 во Италија

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е прогласен за најкорисен фудбалер (МВП) во италијанската Серија А за сезоната-2018/19, објави „Фудбал Италија".

 

Заедно со Португалецот специјални награди им се доделени и на голманот Самир Хандановиќ од Интер, дефанзивецот Калид Кулибали од Наполи, играч од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, членот на Рома, Николо Ѕаноло и фудбалерот на Сампдорија – Фабио Кваљарела.

 

34-годишниот Роналдо дојде во Јувентус од Реал летото 2018 година, потпишувајќи четиригодишен договор. Тој настапи на 42 натпревари за „бјанко- нерите", постигна 28 гола и оствари 10 асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.