Тренерот на Ефес ги спореди учесниците на Ф4 со најдобрите НБА-лигаши

Тренерот на турскиот клуб Анадолу Ефес, Ергин Атаман, ги спореди учесниците на „фајнал форот" во кошаркарската Евролигата со водечките клубови од НБА-лигата.

 

 Отсекогаш сум зборувал дека Жељко Обрадовиќ е најдобриот тренер во историјата на Евролигата, а Фенербахче е најсилниот тим во Европа, судејќи според регуларниот дел од сезоната. Тие се како Грег Поповиќ и Сан Антонио. Ние само се обидуваме да играме како Голден стејт. Ако зборуваме за ЦСКА – тие се како Милвоки, а Вил Клајберн е нивниот Јанис Адетокумбо, изјави Атаман.

 

Тој е презадоволен од пласманот во финалето.

 

– Се разбира, јас сум среќен, бидејќи ова е прв Ф4 за нашиот клуб и за мене. Можам да кажам дека во текот на целата сезона се обидовме да играме спектакуларна кошарка, а вчера имавме еден од нашите најдобри натпревари. Во финалето ќе се обидеме да дејствуваме на ист начин, да се забавуваме на теренот и да им овозможиме уживање на сите гледачи.

 

Анадолу Ефес утревечер од 20:30 часот со ЦСКА Москва ќе се бори за насловот европски шампион. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.