Рамос против привлекување на Погба во Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е против повлекувањето на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, пишува „Дон Балон".

Според изданието, дефанзивецот побарал од претседателот на клубот, Флорентино Перез, да не прави сличена трансфер, бидејќи тоа ќе ја влоши атмосферата во соблекувалната.

 

Серхио Рамос го споредува однесувањето на Французинот со она на Герет Бејл.

 

Рамос е исто така загрижен дека тренерот Зинедин Зидан ќе дава повеќе слобода на Погба, отколку на другите.

 

Медиумите во Шпанија шпекулираат дека Реал е подготвен да плати 150 милиони евра за францускиот играч од средниот ред, а „црвените ѓаволи" сакаат 180 милиони евра,

 

Минатата сезона Пол Погба учествуваше во 35 лигашки натпревари, постигнувајќи 13 гола и 9 асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.