Харден постигна 57 поени, Хјустон изгуби од Мемфис (видео)

Џејмс Харден постигна 57 поени, но тоа не беше доволно и Хјустон загуби од Мемфис 125:126 по продолжение во драматичен судир.

 

Сепак, „брадата" повторно направи нешто историско откако забележа повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени против ривалот во една сезона.

 

Тој постигна повторно 57 против „гризлите" во јануари и се нареди до Коби Брајант и Мајкл Џордан. Бекот стигна до 50 поени по седми пат за кампањата и стана само вториот што остварил слично достигнување во 5 последователни месеци.

 

Другиот кој го направил тоа е Вилт Чембрлен. Најдобриот кошаркар на Хјустон ги врати „ракетите" во игра откако неговиот тим губеше 19 поени на почетокот од последната четвртина.

 

Серија од 17:2, во која бекот постигна 15 поени, го елиминираше поголемиот дел од заостанувањето. Три слободни фрлања го испратија натпреварот во продолжение.

 

Во него, Харден ги постигна сите 10 поени за својот тим, кој во последен момент стопи негатива од 117:123, за да израмни на 125:125.

 

Сепак, прекршокот на Клинт Капела врз Јонас Валанчуас, во последната секунда, го испрати Литванецот на линијата за слободни, од каде реализираше само еднаш, со што го донесе успехот.

 

Центарот заврши со 33 поени, а Мајк Конли постигна 35 поени за победниците. И покрај поразот, играчите од Тексас продолжуваат да го држат третото место со скор 45-27, но нивното водство пред Портланд, Јута, Сан Антонио, Клиперс и Оклахома Сити не е големо.

 

Резултати од НБА:

Кливленд – Милвоки 107:102

Орландо – Њу Орлеанс 119:96

Филаделфија – Бостон 118:115

Њујорк – Јута 116:137

Чикаго – Вашингтон 126:120 по продолжение

Мемфис – Хјустон 126:125 по продолжение

Сан Антонио – Мајами 105:110

Оклахома Сити – Торонто 114:123 по продолжение

Портланд – Далас 126:118.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.