Јувентус подготвен да плати 60 милиони евра за Заниоло

Италијанскиот весник „Тутоспорт”, објави дека Јувентус ќе се обиде да го „украде" од Рома Николо Заниоло.

 

Талентираниот играч од средниот ред минатото лето дојде во Рома од Интер. Тој е еден од најдобрите играчи во оваа сезона, и беше особено брилијантен во 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Порто.

 

Јувентус е подготвен да понуди 60 милиони евра со цел да го обезбеди доаѓањето на Заниоло, но во Рома ќе се обидат да сторат се што е можно за да ја блокираат работата.

 

Во Рома работат на нов договор, но, Заниоло нема да може да го задржат доколку не успеат да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона, нагласува весникот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.