Фетел: Разликата со Мерцедес е поголема од очекуваното

Себастијан Фетел не успеа да го сокрие разочарувањето од големата разлика со болидите на Мерцедес на Луис Хамилтон и Валтери Ботас за време на квалификациите за ГП на Австралија.

 

- Честитки за Луис. Не беше најдобар ден за нас. Автомобилот беше во ред, денес очекував подобар резултат. Разликата е поголема од очекуваното, но допрва следи трката.

 

- Оваа патека е многу посебна. Се надевав дека позициите ќе бидат обратно во наша корист, изјави Фетел.

 

Тој сепак смета дека Скудерија може да победат на утрешната трка. 

 

- Никогаш не знаеш што ќе се случи. Минатата година имавме среќа. Победата е за оној кој ќе помине прв под карираното знаме.

 

- Мерцедес е фаворит, но ние сме тука за да се натпреваруваме, додаде Германецот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.